Тетекс со девет гола во мрежата на Влазними го одбрани местото во ВМФЛ (ВИДЕО)
На натпреварот во Ѓорче Петров фаворитот не остави никакви дилеми и брзо најави во каква насока ќе одат работите. По првите 45 минути резултатот беше 3-0 и јасно беше дека Влазними нема да може да дојде до изненадување.
Во второто полувреме тетовчани немаа милост и до врв ја наполнија мрежата. Вчера ќе потсетиме, место во ВМФЛ обезбедија Еуромилк, Камјани и Кожуф.