Илјадници навивачи на Арсенал славеа на улиците во Лондон (ВИДЕО)

Илјадници навивачи на Арсенал се собраа на улиците на северен Лондон за да ја прослават првата титула во Премиер лигата по пауза од 22 години.

Парадата започна во 14 часот, а отворените автобуси со фудбалерите и стручниот штаб помина северниот дел на британската престолнина. 

Навивачите уште од раните утрински часови ги зазедоа своите места покрај заштитните огради, кои беа поставени уште во средата.

„Го чекав ова 20 години“, изјави извесен навивач Ли, додека Џејмс додаде дека клубот имал фантастична сезона и дека со нетрпение го очекувал славјето, пренесува „Би-Би-Си“.

На свеченоста учествуваше и женскиот тим на Арсенал, кој во февруари ја освои првата титула во Женската Лига на шампиони.

Денешната прослава доаѓа по драматичното финале од Лигата на шампионите во саботата, во кое ПСЖ го совлада Арсенал по изведувањето пенали.