Прилепчани победија и во Битола за перфектен настап во плеј-аутот!
Тоа беше дуел меѓу двата најдобри тима во плеј-аут групата, а Прилеп покажа дека во моментов е подобар тим.
Интересно, двете полувремиња на овој натпревар завршија со идентичен резултат, беше 14-12, за вкупна победа од 28-24.
Убедливо најдобар во составот на Прилеп и воопшто на мечот беше Димитар Димитриоски кој постигна десет голови, во составот на Пелистер по седум голови реализираа Марковски и Шулевски.
Прилеп со оваа победа заврши перфектно во плеј-аутот односно ги доби сите десет натпревар кои ги одигра.