Арсенал синоќа имаше полоша статистика отколку во 2006 кога над 70 минути беше со играч помалку
Избраниците на Микел Артета поведоа со раниот гол на Каи Хаверц во шестата минута, но Усман Дембеле израмни од пенал во 65-тата. Токму раниот гол на Германецот им помогна на „топчиите“ да ја покажат една од своите најсилни страни оваа сезона, играта без топката. Тие во голема мера останаа во својата половина, оставајќи го ПСЖ да го диктира темпото, во голема мера неуспешно, особено во првото полувреме.
Ова на крајот доведе до најнискиот процент на посед на топката на Арсенал во финале на Лигата на шампионите откако се води таква статистика. Тимот на Микел Артета ја имал топката само 24,7% од времето, што е цели 5% пониска од статистиката на тимот под водство на Арсен Венгер во 2006 година, кога „топчиите“ загубија од Барселона, но играа со играч повеќе од 70 минути. Тогаш Јенс Леман доби директен црвен картон по само 18 минути игра.
И покрај тоа, фудбалерите на Венгер успеаја да поведат со голот на Сол Кемпбел во 37. минута, но играчите на Барселона направија целосен пресврт во последната четвртина од мечот преку Самуел Ето (76') и Белети (80'). Арсенал тогаш создаде и 5-6 изгледни шанси за гол и Виктор Валдес ја спасуваше Барселона, додека вчера лондонскиот тим имаше саамо еден директен шут - тој на Хаверц што заврши во мрежата.