Српска судијка спречи тепачка меѓу двајца тенисери на Ролан Гарос – среде меч (ВИДЕО)
Во моментите кога најголемиот дел од љубителите на тенисот веќе спиеја, нервозата на теренот достигна врв. При резултат 2-1 во петтиот сет за Тијафо, дојде до жестока вербална расправија меѓу двајцата тенисери. Инцидентот започна по еден сервис на Фарија, кога Американецот беше убеден дека топчето завршило во аут. Следуваа провокации и дофрлања од далечина, по што Вељовиќ мораше да слезе од судиското столче и да ги повика двајцата играчи на мрежата за да ги смири страстите.
Американецот не остана должен и му порача на ривалот:
„Мислиш дека си опасен? Не си, играј тенис.“
Тензиите не завршија ниту по мечот. Тијафо со доза на иронија го прокоментира однесувањето на својот противник.
„Не знам што мислеше, дека е Рајан Гарсија или нешто слично“, изјави Американецот.
Од другата страна, Фарија го обвини ривалот за непочитување, иако дел од медиумите наведуваат дека ниту Португалецот не останал должен за време на натпреварот.
На крајот, Тијафо направи голем пресврт и славеше иако губеше со 0-2 во сетови, додека Фарија мораше да се помири со болна елиминација по повеќе од четири часа игра пред речиси празни трибини, со оглед што мечот започна во 20.30 часот и заврши длабоко по полноќ. Во осминафиналето, Тијафо ќе се соочи со Матео Арналди, а победникот од тој дуел во четвртфиналето ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Хуан Мануел Серендуло и Матео Беретини.