Топката по ударот на Габриел „завршила“ во - Дунав (ФОТО)

Фудбалерите на ПСЖ на пенали ја освоија Лигата на шампионите, а трагичар за Арсенал беше Габриел.

Еден од најдобрите фудбалери во тимот на Артета лошо го изведе пенало и шутираше високо над голот, па не помина многу време на социјалните мрежи да се појават и шеги на негова сметка.