Несреќа кај Босанците на мечот со Македонија: Се повреди еден од голманите, нема да брани на СП
Натпреварот на Кошево заврши без победник, но и без голови во мрежата (0-0). Сепак, резултатот беше помалку важен бидејќи се работи за подготовки на двете репрезентации. Целта беше играчите да добијат минути во нозете и да избегнат повреди. За жал, второто не се оствари.
Хаџикиќ требаше да го замени Мартин Зломислиќ на голот на полувремето, но се повреди за време на загревањето. Првичните информации сугерираат дека станува збор за повреда на задната ложа која бара долга пауза. Голманот го напушти стадионот со болна гримаса на лицето и со помош на неговите колеги од репрезентацијата. Како што стојат работите, тој нема да брани на Светското првенство кое почнува за помалку од две недели.
За Хаџикиќ вчерашниот натпревар требаше да биде деби за босанската репрезентација и покрај тоа што има полни 30 години. Тој е роден во Австрија за која играл во младинските селекции, но во 2023 година земал босанско државјанство и станал достапен за земјата на своите родители. Во моментов тој е член на хрватскиот Славен, а порано бранел и за Вележ, Адмира, Интер Запрешиќ, Цирих и Австрија Виена.