Бутел го помачи шампионот во последниот натпревар од сезоната

Ракометарите на Вардар се помачија за победа против Бутел со 36-34 во последниот натпревар од сезоната.

Вардар уште пред неколку кола ја обезбеди титулата, а денеска ракометарите ги добија медалите и заслужениот пехар. Иако натпреварот требаше да се игра во Бутел, тие му излегоа во пресрет на новиот шампион и натпреварот се играше на теренот „црвено-црните“ со цел на домашен терен да ги добијат признанијата.

Натпреварот во најголем дел беше неизвесен и изедначен за вардарци во финишот да „додадат гас“ и да запишат уште една победа 30. во сезоната.

Се истакнаа Урош Митровиќ и Харуки Кавада со по шест, додека на спротивната страна по осум постигнаа Дејан Михајловиќ и Тодор Узунчев.