Moдриќ може да го напушти Милан, опција е и враќање во Мадрид?
Претходно се пишуваше дека договорот на Модриќ е само формалност, наводно тој и речиси се договорил со Алегри и клупското раководство, меѓутоа ситуацијата се променила кога тимот остана без пласман во елитата.
Покрај тоа, освен Алегри си заминаа уште: Џорџо Фурлани, Игли Таре и Џефри Монкада
Извори блиски до играчот за италијанските медиујми наведуваат дека тој е особено разочаран од расплетот на сезоната, падот на тимот, реакциите на навивачите и општата нестабилност во клубот.
Иако Модриќ не се смета за еден од виновниците за неуспехот, наводно веќе му дал до знаење на клубот дека сака да ја затвори својата приказна во Милано. Кога станува збор за иднината, италијански „Тутомеркато“ наведува дека враќањето во Реал Мадрид е моментално најреална опција.
Имало интерес и од Саудиска Арабија и САД, меѓутоа засега тоа не се опции кои Модриќ го интересираат, конечната одлука хрватскиот ветеран најверојатно ќе ја донесе по краткиот одмор пред почетокот на Мундијалот на 11 јуни.
Фото: AC Milan