Артета носи засилување од 115 милиони евра во Арсенал

Англискиот шампион Арсенал ова лето ќе продолжи со засилувања, а на списокот со желби на тренерот Микел Артета се наоѓа еден од најдобрите фудбалери на Астон вила.

Артета сака да го добие потписот на Морган Роџерс, кој минатата сезона постигна 10 голови и седум асистенции во 37 натпревари во Премиер лигата.

Стратегот на „топчиите“ наводно е подготвен да плати дури 115 милиони евра за услугите на Роџерс.

Фото: Facebook/Arsenal