Две ѕвезди се враќаат во составот на ПСЖ за финалето во ЛШ

ПСЖ и Арсенал ќе се соочат в сабота од 18 часот во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а францускиот првак доби одлични вести пред дербито.

Две од најголемите ѕвезди на клубот, Осман Дембеле и Ашраф Хакими се рехабилитирале од повредите и се враќаат во составот на ПСЖ за финалето во елитното натпреварување.

Дембеле и Хакими се очекува да бидат стартери во дуелот во кој парижаните ќе се обидат да ја одбранат европската круна.

Финалето меѓу ПСЖ и Арсенал се игра на 30 мај од 18 часот на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија.

Фото: PSG - Paris Saint-Germain/Facebook