Специјализираниот портал за ракомет во Македонија, „24Ракомет“, на свечена манифестација во хотелот Холидеј Ин во Скопје ги прогласи најдобрите во машката и женската Супер лига за сезоната 2025/2026.

На свеченоста беа доделени признанијата за ALL STAR тимот на сезоната во машка и женска конкуренција, а „24Ракомет“ официјално го започна и новиот проек, Куќа на славните на македонскиот ракомет.

Во машката конкуренција изборот се организираше по осми пат, додека во женската конкуренција по четврти пат. Победниците кај мажите беа избрани преку три сегменти, гласовите на публиката, македонските новинари кои следат ракомет и редакцијата на „24Ракомет“. Во женската конкуренција победничките беа избрани преку гласовите на публиката и редакцијата на „24Ракомет“.

Во секоја категорија беа номинирани по тројца кандидати, односно кандидатки, а збирот од бодовите ги даде најдобрите во секоја категорија. Во двете конкуренции беа забележани над 1 милион гласови, што е нов рекорд и потврда дека изборот има голема тежина кај ракометната јавност.

„Оваа манифестација за нас не е само избор на најдобрите во една сезона. Ова е наш начин да покажеме почит кон сите оние кои секојдневно го одржуваат македонскиот ракомет жив, релевантен и препознатлив. 24Ракомет е медиум создаден за ракометот и посветен на ракометот, а најдобрите заслужуваат јавно признание - не само за резултатите, туку и за трудот, професионалноста и примерот што го даваат“, истакна Петар Шимлеша, главен уредник на 24Ракомет.

ALL STAR тим на сезоната 2025/2026 - машка Супер лига

Лево крило: Дејан Манасков - Еурофарм Пелистер

Лев бек: Филип Кузмановски - Еурофарм Пелистер

Среден бек: Јака Малус - Вардар

Десен бек: Урош Митровиќ - Вардар

Десно крило: Дарко Ѓукиќ - Охрид

Пивот: Милан Лазаревски - Вардар

Голман: Кристијан Пилиповиќ - Охрид

Дефанзивец: Ориол Реј Моралес - Охрид

Млад ракометар: Димитар Узунчев - Бутел Скопје

Тренер: Иван Чупиќ - Вардар

ALL STAR тим на сезоната 2025/2026 - женска Супер лига

Лево крило: Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров

Лев бек: Марија Јанкуловска - Ѓорче Петров

Среден бек: Габриела Величковска - Чаир

Десен бек: Теодора Дукоска - Ѓорче Петров

Десно крило: Марија Гугуљанова - Ѓорче Петров

Пивот: Сара Цветановска - Спартак