Бесагиќ му донесе триумф на Арсими против Струга (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсими триумфираа со 1-0 против Струга во последното коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Првото полувреме не помина со посериозни шанси на двете страни, освен ударот на Олатунбосун пред голот на Струга, но резултатот не се промени.

Голот за победа на Арсими го постигна Армин Бесагиќ, кој со глава ја затресе мрежата на Ангелети во 47. минута од натпреварот.

Арсими со оваа победа го скокна Тиквеш на петтата позиција и има 46 бодови, додека Струга остана трета со 62 поени.