Среде пиротехничкото шоу на Комити, Вардар постигна гол и Арената буквално експлодираше! (ВИДЕО)
Веќе има водство од 2-0, а интересен момент се случи во 36. минута. Додека Комити на западната трибина правеа фантастично пиротехничко шоу, фудбалерите на Вардар направија прекрасна акција која ја крунисаа со гол на Закариќ токму во тие моменти.
Тоа беше уште една причина Арената да експлодира, навивачите бурно го прославија вториот гол кој го носи Вардар до уште победа против големиот ривал.