Хал го доби најскапиот натпревар во историјата и се врати во Премиер лигата (ВИДЕО0
Иако основниот дел од сезоната го заврши на шестото место и никој не го сметше за фаворит, Хал прво го победи Милвол со вкупни 2-0, а во денешното финале од плејофот, на Вембли беше подобар од фаворизираниот Мидлсброу со 1-0. Голот за победа го постигна Мекбурни во 95. минута и предизвика лудило кај навивачите на Хал на Вембли.
За пласманот во Премиер лигата, „тигрите“ ќе добијат парична награда од околу 200 милио фунти што го прави овој натпревар најскап во историјата.