Барселона има тројца кандидати за замена на Левандовски
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона има тројца кандидати за замена на Левандовски, а сите се звучни имиња во светот на фудбалот.
Главен кандидат за нов напаѓач на Барселона е Хари Кејн, кој игра во врвна форма веќе неколку сезони, но проблем би можела да биде отштетата која ќе ја бара Баерн Минхен.
Останатите две имиња кои се наоѓаат на списокот со желби се Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, како и Жоао Педро кој блесна оваа сезона во дресот на Челси.
Фото: Facebook/FC Barcelona