По две години, Брегалница се враќа во Првата лига, Скопје и Шкендија ќе играат бараж

Екипата на Брегалница се враќа во Првата македонска фудбалска лига откако денеска стави печат на првото место во второлигашката конкуренција.

Штипјани на домашен терен ја совладаа Победа со 7-0 и ја задржаа предноста од два бода во однос на конкурентите Скопје и Шкендија Арачиново. Ова значи дека Брегалница ќе се врати во елитата по пауза од две години, откако во сезоната 2023/24 го освои последното место во Првата лига.

Скопје и Шкендија Арачиново исто така денеска остварија убедливи победи, но тие не им донесоа многу, поради триумфот на Брегалница. Скопје на домашен терен го победи Детонит со 5-1, додека арачиновци како гости ја победија Саса со 4-2. Овие две екипи преку бараж со Брера и Пелистер ќе се обидат да се изборат за пласман во Првата лига.

Од Втората лига, која идната сезона ќе се скрати и ќе брои само 12 екипи, испаѓаат Вардар Неготино, Преспа, Слога Виница, Победа и Големо Коњари, додека Кожуф, Тетекс и Каменица Саса ќе играат бараж за опстанок.

РЕЗУЛТАТИ
Брегалница - Победа 7-0
Скопје - Детонит 5-1
Каменица Саса - Шкендија А. 2-4
Новаци - Осогово 3-3
Охрид - Слога Виница 7-1
Победа - Беласица 1-3
Тетекс - Големо Коњари 7-2
Вардар Н. - Кожуф 0-5