Официјално: Флорентино доби ривал, ќе има избори во Реал
Изборната комисија има еден ден да ја разгледа кандидатурата и да ја одобри, но се наведува на тоа дека избори, сепак, ќе има. Според статутот на клубот, тие не смеат да се одржат подоцна од 15 дена од денеска, односно најдоцна до 7 јуни.
„Денеска е многу важен ден за Реал Мадрид. По 20 години, конечно ќе има избори за претседател. Ова не е кандидатура против некого, туку за Реал Мадрид. Имаме исклучително возбудив, сериозен и професионален проект, на и надвор од теренот. Ги повикувам членовите на клубот да не се плашат, туку да бидат храбри и да изберат меѓу двата проекта“, порача, меѓу другото, Рикелме.
Флорентино Перез не учествувал на избори од 2000 година кога го симна од претседателската функција Лоренцо Санс за својот прв мандат. Во 2004 немаше противкандидат, исто како и во 2009, 2013, 2017, 2021 и 2025 година. Тој е претседател на Реал последните 17 години или вкупно 23 од вкупно 26 во 21. век.