Талески блесна против Шкендија - му одбрани два пенали по ред на Љатифи (ВИДЕО)
Лирим Љатифи не успеа да го совлада Талески по првиот удар, откако голманот излегол предвреме од гол-линијата, по што пеналот се повтори. Чуварот на мрежата, сепак, му одбрани и втор пат на ривалот и предизвика радост кај вардарци.