Вардарци го кренаа шампионскиот пехар и тргнаа да слават со „Комити“ (ФОТО+ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ја врати шампионската титула во Првата лига, а денеска ја заврши сезоната на најдобар можен начин, и тоа со триумф од 3-0 против големиот ривал Шкендија, по што „црвено-црните“ го кренаа пехарот и почна славјето со „Комити“.

Навивачката група „Комити“ денеска им даваше поддршка на фудбалерите од трибините, а по последниот судиски свиреж се симнаа на теренот и почна шампионската прослава.