Ракометарите дојдоа на „Градски“ да ги поздрават фудбалерите на Вардар (ФОТО)

Вардар со победата над Шкендија ја комплетираа шампионската сезона, а на Арената „Тодор Проески“ во Скопје пристигнаа и нивните колеги од ракометниот клуб за да прослават заедно со „Комити“.

Ракометарите на Вардар, кои исто така станаа шампиони, пристигнаа на градскиот стадион и ги поздравија своите колеги, но и навивачите кои им даваа поддршка во текот на целата сезона.