Расел побрз од Норис и Антонели на спринтот во Канада (ВИДЕО)
Расел имаше извонреден настап, а зад него го остави Ландо Норис од Мекларен, додека третата позиција му припадна на Кими Антонели.
Зад нив беше Оскар Пјастри од Мекларен, по што следеа Шарл Леклер и Луис Хамилтон од Ферари, како и Макс Ферстапен од Ред Бул и Арвид Линдблад од Рејсинг булс.
Антонели води во генералниот пласман со 103 бодови, додека втор е Расел со 88 поени.