Уште една руска тенисерка се откажа од Путин и прифати да игра за друга држава!

Уште една руска тенисерка повеќе нема да настапува под знамето на Русија, откако 23-годишната Оксана Селехметјева реши во иднина ќе ги брани боите на Шпанија.

Станува збор за моментно 88. тенисерка на светот, чиј најдобар ранкинг е 71. место на ВТА-листата, која важи за една од најталентираните тенисерки од помладата генерација, па затоа не чуди што Шпанците со воодушевување ја дочекаа оваа вест. Селехметјева веќе десет години живее и тренира во Шпанија, па одлуката да настапува под шпанско знаме не е преголемо изненадување. Со овој потег таа ќе стане трет најдоброрангиран шпански рекет во женска конкуренција и дополнително ќе ја засили шпанската тениска елита.

Интересно е што пред стартот на Ролан Гарос покрај нејзиното име немаше никакво знаме, а од почетокот на турнирот официјално ќе стои шпанското обележје. Ова не е прв ваков случај во последните години. Дарја Касаткина веќе настапува за Австралија, додека Анастасија Потапова се реши за Австрија.