Брегалница потврди: Преговараме со новиот сопственик, клубот добива вистински партнер
На прес-конференцијата во просториите на клубот присуствуваше градоначалникот на Штип, Иван Јорданов кој информираше дека преговорите се во завршна фаза.
„Интезивно комуницираме со заинтересираниот спонзор кој веќе го осети клубот. Информиран е за сè во клубот. Разговараме во насока на носење одлуката на следната седница на општина Штип за продажба на 51% од акциите на клубот. Јас верувам дека тоа ќе се случи и очелувам вистински партнер кој ќе го трасира патот за успех на Брегалница“, изјави Јорданов.
Досега во јавноста се шпекулираше дека новиот сопстевник на Брегалница, доаѓа од Германија.