Тухел го објави списокот на Англија, извисија неколку ѕвезди! (ФОТО)

Англискиот селектор Томас Тухел го објави списокот од 26 фудбалери за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а на него има неколку изненадувања бидејќи се одлучи да изостави фудбалери кои се сметаа за сигурни патници.

Хари Мегваер уште во текот на вчерашниот ден потврди дека нема да биде дел од составот на Англија, признавајќи дека е шокиран и изненаден од таквата одлука. Но, покрај него на списокот ги нема уште: Кол Палмер, Фил Фоден и Арнолд.

Тухел пред комплетирањето на составот разговарал со секој фудбалер поединечно, па токму затоа и во јавноста уште пред објавувањето на конечниот список се појавуваа информации.

Исто така англискиот селектор порача и дека на 1 јуни пред јавноста ќе ги образложи своите одлуки. Англија Светското првенство го отвора со натпревар против Хрватска на 17 јуни, а во групата ќе игра уште против Гана и Панама.

Фото: The FA