Слот на излезна врата од Ливерпул, ќе го наследи чудото од Борнмут!?

Иако Арне Слот ги изненади сите со освојувањето на титулата во својата прва сезона во Ливерпул, втората беше тотален неуспех.

Клубот имаше сериозен преоден рок, но оваа сезона не беше освоена титула. Иднината на Холанѓанецот е под знак прашалник, а како негова замена, „црвените“ би сакале да го доведат Андони Ираола.

Веќе некое време е познато дека Шпанецот ќе го напушти Борнмут и дека сите големи имиња се интересираат за неговите услуги. Борнмут се наоѓа на високото шесто место и има големи шанси да се пласира во Лигата на шампионите. Ираола успеа да го одржи тимот заедно, иако столбовите на одбраната (Милош Керкез, Дин Хујсен и Илија Забарни) беа продадени во лето. Антоан Семењо, најдобриот играч на тимот, исто така беше продаден во зима. И покрај сите овие предизвици, Борнмут одигра феноменална сезона и Европа е загарантирана.

Ираола е слободен и сè укажува на тоа дека шпанскиот тренер ќе дојде на Енфилд. Слот разочара откако потроши 500 милиони евра минатото лето, Ливерпул не направи ништо оваа сезона, па затоа е природно челниците на „црвените“ да го отпуштат.

Шпанецот голем дел од својата играчка кариера го помина во Атлетик Билбао, а заврши во Њујорк во МЛС. После тоа, влезе во тренерските води. Првиот клуб во неговата кариера беше АЕК Ларнака, а покрај Борнмут, ги водеше и Мирандес и Рајо Ваљекано.