Газета: Милан создава среден ред од соништата!

Италијанскиот медиум, „Газета дело спорт“ пишува дека Милан ќе создаде искусен среден ред од мајстори на фудбалската игра, главен во него останува Лука Модриќ.

Според нив, Лука Модриќ останува во Милан и наредната година, наводно кај двете страни има расположение за продолжување на соработката.

А на Сан Сиро ќе пристигне и 31-годишниот играч Леон Горецка кој сака да го напушти Баерн Минхен и да почне нов предизвик.

Доколку тоа се случи, Милан би имал среден ред составен од Модриќ, Горецка и Рабио, тројца фудбалери со големо искуство и со многу освоени трофеи.

За ова да се случи клучно ќе биде Милан да избори пласман во Лигата на шампионите.