Роналдо како никој, дојде до единствен подвиг во светскиот фудбал!
Откако претходно загуби во финалето на азиската Лига на шампиони, Роналдо до шампионскиот трофеј стигна со два гола во решавачкиот натпревар, еден од слободен удар и уште еден за потврда на победата.
Иако оваа сезона не беше најдобар стрелец во лигата, со освојувањето на титулата Роналдо оствари подвиг што го прави единствен во историјата. Станува збор за освојување шампионска титула и признание за најдобар стрелец во четири различни држави.
Во Саудиска Арабија веќе двапати беше најдобар стрелец, а со освојувањето на лигата го комплетираше овој неверојатен подвиг. Пред Саудиска Арабија, Роналдо доминираше и во Англија, Шпанија и Италија. Со Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус освојуваше и тимски и индивидуални трофеи.
Со ова достигнување, Роналдо стана првиот фудбалер во историјата што освоил четири различни национални шампионати и во секој од нив во одреден период бил и најдобар стрелец.
Фото: Al Nassr