Aрбелоа се збогуваше со Реал: Сигурно нема да бидам дел од тимот на Мурињо
Шпанскиот стратег зборуваше за своето заминување, но и за Жозе Мурињо кој најверојатно ќе биде новиот предводник на Реал Мадрид.
„Се надевам дека ова е само довидување, бидејќи ова секогаш ќе биде мојот дом. Припаѓам на Реал Мадрид веќе 20 години во различни улоги и ова засекогаш ќе остане мојата куќа. Утре е мојот последен натпревар на клупата на Реал, а не знам дали е и последен во мојата тренерска кариера“, изјави Арбелоа на почетокот од емотивното обраќање.
Тој додаде дека целта е збогување со навивачите со победа.
„Утре е голем натпревар, можност за збогување со навивачите. Натпреварите на домашен терен секогаш се посебни и различни. Сакаме сите на трибините да уживаат, тоа е најважно.“
За својата иднина не сакаше да открива многу, но ја отфрли можноста за евентуална соработка со Мурињо.
„Не е на мене да зборувам за можности. Жозе има фантастичен стручен штаб. Ако дојде во Реал Мадрид, ќе го доведе својот тим и нема никаква можност јас да бидам дел од тоа. Од понеделник ќе морам да размислам што е најдобро за мене. Сметам дека веќе направив чекор напред и многу напредував во изминатите четири месеци.“
На прашањето за совет за неговиот наследник, кратко одговори.
„Не сум тука да давам совети, кој и да дојде ќе има големо искуство.“
Фото: Real Madrid C.F