Гвардиола нема да ја прекине врската со Манчестер сити, ќе има нова функција
Имено, од редовите на Сити порачаа дека Гвардиола во иднина ќе ја извршува улогата на амбсадор на клубот.
Со новата позиција Пеп ќе дава технички совети за клупската групација, но ќе работи и на конкретни проекти.
Гвардиола во Манчестер сити пристигна во 2016 година и во изминатата деценија успеа да освои неверојатни 20 трофеи. Кога е неговиот наследник во прашање, ако не се случи некој пресврт тоа треба да биде неговиот поранешен соработник Енцо Мареска кој е без ангажман по заминувањето од Челси.
Засега Пеп не потврдил, меѓутоа се очекува во наредниот период да биде без тренерски ангажман со цел да земе одмор од фудбалот, а потоа да се врати на работата на клупата, можеби и како селектор.
Фото: Manchester City