Официјално: Крај на ерата на Пеп во Манчестер сити!
Шпанскиот стратег пристигна во 2016 година, а во изминатата деценија успеа да дојде до бројката од неверојатни 20 трофеи со што стана и најсупешниот тренер во историјата на клубот.
Манчестер сити потврди и дека Пеп ќе ја продолжи соработката како глобален амбасадор на клубот.
„Не ме прашувајте зошто заминувам. Нема причина, но длабоко во себе знам дека е вистинското време. Ништо не е вечно, ако беше, ќе бев тука засекогаш. Вечно ќе бидат чувството, луѓето, спомените, љубовта што ја имам за мојот Манчестер сити“, порача меѓу другото Пеп на своето заминување.
Според најавите, Шпанецот треба да биде наследен од Енцо Мареска кој во минатото беше дел од стручниот штаб на Гвардиола.