Поразот во дербито му пресуди, Обрадовиќ доби отказ во Звезда!

Раководството на Црвена звезда донесе одлука да се раздели со тренерот Саша Обрадовиќ по елиминацијата од Партизан во полуфиналето од АБА лигата.

Иницијативата за смена на Обрадовиќ почна од навивачите, а раководството утрово одржало состанок на кој неговиот отказ бил потврден. Десеттото место во Евролигата и новата елиминација во полуфиналето на АБА лигата, со тим кој делуваше разединето, биле клучни фактори за неговата смена.

Неговата епизода почна оптимистички кога во ноември го презеде тимот од Јанис Сферопулос, следуваа серија од седум победи, борба во врвот на Евролигата, најави за „фајнал-фор“, освојување на купот, но на крајот работата тргна во надолна линија.

Така актуелната сезона, Звезда ќе ја заврши со трет тренер, а останува прашањето кој ќе биде следниот, според најавите како привремено решение се споменува. Милан Томиќ.

Фото: КК Црвена звезда