Сити објави со какви почести ќе го испрати Гвардиола – ќе го изедначи со Фергусон!
Дополнително, пред стадионот ќе биде поставена и статуа во негова чест. Одлуката доаѓа само неколку дена откако Шпанецот потврди дека на крајот од сезоната заминува од клупата на „граѓаните“, по неверојатни десет години во кои освои дури 20 трофеи и го претвори клубот во светска велесила. Станува збор за досегашната „Северна трибина“, која неодамна беше целосно реновирана и проширена за уште 7.000 седишта, со што капацитетот на „Етихад“ надмина 61.000 гледачи.
Во состав на новата трибина има фан-зона, хотел со 401 соба, нов музеј на клубот, продавници, ресторани и барови, а токму Пеп ќе биде присутен на нејзиното свечено отворање на последниот меч против Астон Вила.
„Пеп остави неизбришлива трага во ДНК-та на клубот. Не само поради трофеите, туку и поради начинот на кој победуваше“, изјави сопственикот на клубот, шеикот Менсур.
Првиот човек на Сити, Калдун Ал Мубарак, порача дека трибината и статуата се гаранција дека наследството на Гвардиола засекогаш ќе остане дел од Манчестер и англискиот фудбал.