Керик си ја доби заслужената награда од Јунајтед

Манчестер јунајтед и официјално потврди дека, Мајкл Керик ќе остане прв тренер откако потпишал договор на две години.

Гигантот од „Олд Трафорд“ објави дека Керик се обврзал на верност до 2028 година со опција договорот да биде продолжен на уште една дополнителна. 

Овој договор за Керик е награда за пласманот во Лигата на шампионите, тимот од неговото доаѓање во јануари заигра многу подобро и со него на клупата „црвените ѓаволи“ запишаа 11 победи на 16 натпревари.

Англиските медиуми пишуваат дека преговорите за новата соработка, помеѓу Карик и клубот поминале без проблеми, а доцнењето на официјалната објава се должело на разговорите околу неговиот стручен штаб. На крајот со Керик останале и неговите асистенти Стив Холанд и Џонатан Вудгејт. 

Фото: Manchester United