Бизарно: Навивачите по грешка го оштетиле и автобусот на Барселона (ВИДЕО)

Пред дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид се случиле неколку инциденти, кога навивачите гаѓале со различни предмети по автобусот на гостите, но претходно по грешка го нападнале и автобусот на каталонскиот гигант.

Дел од навивачите не забележале дека доаѓа автобусот на Барселона, па почнале да фрлаат предмети кон него и предизвикале материјална штета.