Лукаку ќе замине од Наполи, има желба која тешко може да му се оствари!

Ромелу Лукаку се очекува да го напушти Наполи на лето откако го наруши односот со раководството на клубот кога наместо да се врати во Неапол, остана во Белгија.

Последните информации велат дека авантурата на Лукаку во Наполи е завршена и тој на лето ќе направи трансфер.

Негова желба е да се врати во градот Милано, но вратите за него во Интер се затворени по лошата разделба која ја имаше со нероазурите.

Тој е отворен за трансфер во Милан, но се верува дека росонерите разгледуваат други опции.

Најреално сценарио за Лукаку е да замине од Серија А.