Бормут ја продолжи кризата на Њукасл, Лидс чекори кон опстанок (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен по половина час игра кога Таверниер се запиша во листата на стрелците и тоа беше единствениот гол во првиот дел.
Во второто полувреме Њукасл успеа да дојде до гол преку Осула на 20-тина минути до крајот, но тоа не беше доволно за бод. Туферт во 85-тата минтуа се погрижи за славје во Бормут.
Важни три бода во битката за опстанок освои Лидс кој лесно се справи со веќе отпишаниот Вулвс и запиша триумф од 3-0.
Победата домаќините ја најавија во првото полувреме кога во две минути во 18-тата и 20-тата минута со головите на Џастин и Окафор поведоа со 2-0. За потврда на победата се чекаше самата завршница кога од пенал длабоко во судиското продолжение Калверт-Луин го постави конечниот резултат.