Ефикасно коло во ВМФЛ: Брегалница со минималец го задржа врвот

Фаворитите во денешното 25-то коло во ВМФЛ не дозволија изненадување и славеа победи, а освен лидерот Брегалница останатите беа и убедливи.

Штипјани лидерската позиција ја задржија со победа од 1-0 на гостувањето кај Детонит. Шкендија Арачиново на свој терен лесно се справи со Победа забележувајќи триумф од 5-0.

Немаше проблеми и Охрид кој на свој терен ја пречека Преспа и ја испрати со победа од 6-1. Најубедлив беше третопласираниот Скопје кој на Каменица Саса ѝ даде дури седум гола.

Ефикасно беше и на дуелот помеѓу Слога Виница и Вардар Неготино кој заврши без победник 3-3.

Единствено немаше голови во Струмица каде што Беласица и Кожув одиграа 0-0.