Алкараз нема да настапи во Мадрид: Ова е многу болно за мене!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз соопшти дека нема да настапи на турнирот во Мадрид, кој е закажан од 22 април до 3 мај.

Вториот тенисер во светот ќе пропушти уште еден турнир, откако неодамна се повлече и од Барселона.

„Постојат некои вести кои се неверојатно тешко да се соопштат. Мадрид е мој дом, едно од најпосебните места во календарот за мене и затоа ме боли толку многу што не можам да играм тука“, кажа Алкараз.

Алкараз се повлече од турнирот во Барселона поради повреда на зглобот на раката и најверојатно тоа е причина поради која нема да игра во Мадрид.

Претходно од турнирот се повлече и Новак Ѓоковиќ поради повреда.

Фото: EPA