Очекувано: Откако лесно ја освои Струга, Тиквеш уште полесно загуби од Шкендија! (ВИДЕО)
Кога сите очекуваа добрата форма од Струга да ја продолжат и во Кавадарци, Тиквеш целосно потфрли на домашниот терен, особено во првото полувреме и им дозволи на тетовци да постигнат три лесни гола. Мелиќи го отвори резултатот во 15. минута, а потоа стрелаа Ибраими и Латифи за водство од 3-0 пред паузата.
Тиквеш на почетокот на вториот дел ја затресе мрежата на Шкендија за 1-3 преку Стојчев, но за да нема никаква забуна, набрзо гостите од Тетово повторно постигнаа гол преку Тамба и ја вратија предност од три погодоци (4-1).
Шкендија со денешната победа во Кавадарци го презема врвот во Првата лига со 67 бодови, додека Вардар е втор со 65 поени и еден меч помалку од ривалот за титулата. Тиквеш остана на петтата позиција и има 40 бода.