Алкараз нема да настапи во Мадрид: Ова е многу болно за мене!
Вториот тенисер во светот ќе пропушти уште еден турнир, откако неодамна се повлече и од Барселона.
„Постојат некои вести кои се неверојатно тешко да се соопштат. Мадрид е мој дом, едно од најпосебните места во календарот за мене и затоа ме боли толку многу што не можам да играм тука“, кажа Алкараз.
Алкараз се повлече од турнирот во Барселона поради повреда на зглобот на раката и најверојатно тоа е причина поради која нема да игра во Мадрид.
Претходно од турнирот се повлече и Новак Ѓоковиќ поради повреда.
Фото: EPA