Силекс со четири гола ја распарчи Брера Струмица (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс запишаа уште една победа во Првата лига, откако денеска ја надиграа Брера Струмица со 4-0 во 28. коло од домашниот шампионат.

Екипата од Кратово до водство стигна во 19. минута кога погоди Едис Бутуровиќ за 1-0, по што мрежите мируваа до крајот на првото полувреме.

Дарко Додев зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел, по што во листата на стрелци се запишаа Алиќ и Пиреш за конечни 4-0.

Силекс се наоѓа на четвртата позиција со 52 бодови, додека Брера Струмица остана на осмото место со 33 поени.