Бивш скаут на Реал го понижи Винисиус: Ти си човек без мозок!

Поранешниот скаут на Реал Мадрид, Маноло Ромеро го критикуваше Винисиус Жуниор по елиминацијата од Лигата на шампипони (ЛШ).

Ромеро кажа дека на Винисиус му недостига зрелост, односно не е доволно интелигентен како фудбалер и игра „без мозок“.

„Колку емисии посветив зборувајќи дека мора да работи на завршницата, мора да работи на својата глава? Гледам дека мозокот на Винисиус не функционира. Тоа е реалноста. Изморен сум од фудбалери без мозок кои го носат најславниот дрес во историјата на фудбалот“, кажа Ромеро.

Бившиот скаут на „кралевите“ вели дека Винисиус не сака да признае дека не е доволно добар.

„Винисиус не сака да признае дека завршницата му е лоша. Тој не сака да работи таму каде што има проблеми“, посочи поранешниот скаут.

Бразилецот оваа сезона настапи на 47 натпревари за „кралевите“, а притоа постигна 17 голови и 14 асистенции.

Фото: Facebook/Real Madrid CF