Гвардиола: Ако не победиме во недела, сè ќе биде готово!
Дуелот се игра од 17:30 часот, а „топчиите“ во моментов имаат шест бода повеќе од „граѓаните“, меѓутоа и натпревар повеќе.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, на денешната прес-конференција јасно порача дека за неговиот тим во овој натпревар доаѓа предвид само победа.
„Ако загубиме од Арсенал, трката за титулата е завршена. Искрено, освојувањето на титулата оваа сезона би било моето најголемо достигнување со Сити“, изјави Гвардиола.
Тој додаде дека во неделниот судир клучна ќе биде психолошката подготовка на неговите фудбалери.
„Сè е до вербата во себе. Ако имаме самодоверба, тоа многу ќе ни помогне. Кога би можело самодовербата да се купи во продавница, веднаш би ја купил. Ова е клучен момент од сезоната, иако до крајот имаме уште седум натпревари“, потенцираше шпанскиот стратег