Саудијците го избркаа човекот кој двапати ги однесе на Мундијал!
По отказот Французинот се огласи со изјава во која не го криеше разочарувањето.
„Таков е фудбалот. Саудиска Арабија се квалификуваше на Светското првенство седум пати, а двапати со мене“, истакна Ренар.
Тој ја водеше репрезентацијата од 2019 до 2023 година, а потоа повторно се врати на клупата кон крајот на 2024 година, откако Роберто Манчини доби отказ.
Инаку, Ренар е последниот селектор кој успеал да ја победи Аргентина на Светските првенства. Саудијците под негово водство славеа со 2-1 во групната фаза од првото коло на последниот Мундијал на кој Аргентинците подоцна стигнаа и до титулата.
Договорот на Ренар важеше до крајот на Светското првенство, но челниците на саудискиот фудбал се одлучија за предвремен раскин, а ќе немаат многу време да изберат негов наследник.