Гризман: Да, ќе бидам на Светското - на трибини!
Гризман со Атлетико Мадрид игра одлична сезона, се пласираше во финалето од Купот на Шпанија и полуфиналето од Лигата на шампионите.
Се појавија муабети дека би можел да се врати во селекцијата на Франција за Мундијалот, особено по повредата на Екитике, но тој демантира такво нешто.
„Да ќе бидам облечен во сино на СП? Да, ќе бидам на трибините со мојот син“, рече Гризман.
„Ѝ посакувам се најдобро на Франција. За мене тие се фаворити, комплетно ќе ги поддржувам“.