Ужас: Фудбалски судија брутално убиен среде натпревар!
Имено, судијата Хавиер Ортега на возраст од 48-години бил брутално убиен пред бројни гледачи и фудбалерите на теренот во градот Пасаје.
Според сведоци, неколку вооружени лица му се приближиле на судијата додека го водел натпреварот и пукале во него. Напаѓачите веднаш избегале од местото на настанот.
Ортега бил добро познат во локално ниво и редовно судел аматерски натпревари. И покрај брзата реакција на итната помош, тој им подлегнал на повредите на самото место. Натпреварот бил веднаш прекинат, а играчите и публиката во паника побарале засолниште.
По инцидентот, властите го блокирале пристапот до теренот за да се изврши увид, додека клубот организатор ги суспендирал сите наредни натпревари сè додека не се разјаснат околностите.
Семејството на жртвата, кое исто така било присутно на трибините, бара итна и темелна истрага. Во меѓувреме, полицијата отвори случај, а според првичните информации, станува збор за целно убиство, причините засега не се познати.
Football referee is shot dead in front of players and spectators mid-match after attackers stormed the pitch in shocking moment https://t.co/fUQHtYzEUN
— Daily Mail Sport (@MailSport) April 15, 2026