Дел Пјеро: Реал Мадрид е послаб, нема да игра полуфинале
На програмата од 21 часот се два дуели: Арсенал го пречекува Спортинг на „Емирати“ во Лондон, додека во Минхен силите ќе ги одмерат Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Германскиот гигант во реваншот влегува со предност од 2-1 од првиот натпревар, а оваа сезона на „Алијанц арена“ претрпе само еден пораз, во јануари од Аугсбург во Бундеслигата. Тимот предводен од Винсент Компани делува како добро подмачкана машина, но „кралевите“ во Лигата на шампиони со години се посебна приказна.
Сепак, легендарниот Алесандро Дел Пјеро не верува во нивен нов подвиг.
„Реал Мадрид денес е послаб отколку во изминатите години. Мислам дека нема да се пласира во полуфиналето. Но, многупати досега нè разубедиле во Лигата на шампиони тие како да не знаат да згрешат“, изјави Италијанецот.
Без разлика на формата и проблемите со составот, мадридскиот клуб честопати знаеше да се извлече од безизлезни ситуации и да приреди неверојатни пресврти. Но, тимот на кој со години му се припишуваше „црна магија“, сега изгледа разнишано, па останува да се види дали имаат сили против Баерн кој изгледа навистина моќно.