Едерсон се „степа“ со камерата! (ВИДЕО)

Голманот на Фенербахче, Едерсон направи потег кој досега не е виден во фудбалот, ја удри камерата откако заработи повреда.

Фенербахче со убедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Кочаелиспор, но Едерсон во еден момент беше многу изнервиран.

Голманот лежеше поради повреда кога подвижната камера дојде во негова близина сакајќи да фати посебен кадар.

Но, бразилскиот голман не беше баш расположен, па силно ја удри камерата.