Голеада во Комо: Интер со пресврт стигна до три бодови (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер во неверојатен натпревар со Комо триумфираа со 4-3 во 32. коло од Серија А, со што ја зголемија предноста во однос на ривалите.

Комо поведе со голот на Вале во 36. минута, а потоа погоди и Паз кој ја зголеми предноста на 2-0. Сепак, Интер во втората минута од судиското надополнување намали на 1-2 преку Турам.

Турам постигна и втор гол, и тоа во 49. минута со што го израмни резултатот, а Интер во продолжение од средбата стрелаше уште два пати преку Думфрис за предност од 4-2.

Домаќините не се предаваа и тргнаа кон голот на „нераѕурите“, а во 88. минута Да Куња погоди за 3-4. Комо имаше уште една одлична шанса преку Рамон во 92. минута, но ја погоди само рамката од голот.

Интер е прв во лигата со 75 бодови, по што следи Наполи со 66, додека Милан е трет со 63 бода.

Фото: Facebook/Inter